2win800x200

Во Градскиот парк во Битола се поставува Болдер трибина

Октомври 27, 2022
Започнаа работните активности со кои во Градскиот парк, се врши подготовка на теренот за поставување на мултинаменска современа инсталација, насловена како Болдер трибина. Архитектурата на оваа инсталација е концепирана по модерните текови на сите европски метрополи со анимирање на јавните простори. Редовна практика е вакви скулптурални болдери со модерен архитектонски дизајн да се поставуваат во современите забавни паркови, а како референца, во овој случај се земени примерите на Словенија, Австрија, Германија и Данска.
Можно е да е слика од 1 лице, дрво и надвор
Објектот има ширина 3,33 метри, должина 10,80 метри и висина 3,60 метри и е дел од проектот чиј носител е Спортскиот клуб за качување „Вертикал“, а истиот се реализира во соработка со општина Битола, со средства обезбедени од европските фондови.
Мотото на проектот е: преку ангажирана забава до спорт и култура, а со тоа да се подигне и јавната свест за потребните содржини на јавните простори, кои ќе овозможат ангажирана забава за децата, со што ќе ги поттикнат на спортски активности.
Болдер трибината е направена да не служи само со една функција – качување. Благодарение на нејзината контрадикторна геометрија, може да се перцепира како скулптурална инсталација во просторот. Едната страна е испрекршена, додека другата е ортогонална. Геометриската страна е наменета како надворешен болдер ѕид за качување на кој има неколку варијации на различни површини со одреден агол и најразлични фатишта. Од другата страна, т. е внатрешаната, се појавува еден мал амфитеатар – трибина, за седење, одмарање, читање, театарска претстава, концерт итн. Овој дел е делумно покриен, т. е на највисоката точка има отвор кој служи како видиковец на околината, но и на луѓето кои ќе се качуваат од другата страна на болдерот. На фронталната страна постои една ниша, која е триаголна во основата, и која е затворена од двете страни со цел да остане само една отворена страна која го врамува погледот на околината и ја изолира истата, идеално за одмор, читање на книга и друго.
Можно е да е слика од 11 луѓе и надвор
Целта на Болдерот не е да се наметне, туку да се вклопи во контекстот, и да стане препознатливо место за собирање, договарање, концерти, изложби, ангажирана забава за деца, спорт и друго.
„Повеќе студии укажуваат и на важноста од тоа, дека качувањето на карпи, како спортска активност, е од особено значење за децата, бидејќи овозможува добар психо-физички развој кај нив и можност за брзо надминување на одредени фобии (од висина и сл), како и правилен развој на нивната самодоверба и решителност. Понатаму, качувањето овозможува развивање на спортскиот дух, бидејќи дел од тие дечиња, забавувајќи се на активен начин – преку игра, ќе имаат можност да стекнат спортски вештини, патем, да станат членови на спортско качувачки клуб, па и врвни спортисти - амбасадори на нашиот град и држава“, потенцираат од Спортскиот клуб за качување „Вертикал“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани