АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (27.10.2022) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола при акциската контрола затекнати се 10 возачи кои управувале возило со брзина повеќе од дозволената, изречени се 23 мерки за возење без возачка дозвола, 6 санкции за непрописно паркирање.
Изречени се две мерки за користење мобилен телефон при возење, една санкција за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за возење под дејство на алкохол...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.