2win800x200

Битолчани од 7 до 77 се вклучија во обновата на Копанки

Октомври 30, 2022

Повеќе од 70  битолчани денес, недела, 30.10.2022 година зедоа учество во акцијата за обнова на "Копанки".

 

 

IMG 4fef58f4f61d0a993448bfdee0af0f20 V

Присутни беа планинари, скијори, други спортисти, љубители на природата, членови од други здруженија на граѓани, Членови на Советот на Општина Битола, битолчани од сите возрасти, од седум до седумдесет и седум години.

IMG 909c37eb001f06be3b822bcb83bb684c V

Низ работата, повозрасните говореа за едно минато време на "Копанки". Најинтересно беше сеќавањето на Кире Марков за далечната 1964 година, кога на многу мала возраст со помош на дрвена тезга вршеле дотур на камен од камењарот за доградба на домарските простории.

IMG 78e9450bada1cae1a0f4b96d004647ec V

Благодарност до сите кои денес беа дел од обновата на "Копанки", но пред сè благодарност за убавата дружба, смеа и убавата работна атмосфера.

IMG c1ddca889bc8454584002badf2e23a6e V

Со почит, ПСК Пелистер

IMG 6e168e6973a41270e1201b26401d9ed2 V

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани