АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со брачниот пар од Холандија, Јоана и Кејс Баарс, кои преку нивната фондација „Воздух за Преспа“, од 1991 година редовно испорачуваат хуманитарна помош во лекови и медицинска опрема за специјализираната болница за превенција и лекување на хронични и респираторни болести во Отешево.
Во знак на почит за нивната посветеност и хуманост, Османи им врачи благодарница како признание за нивниот континуиран и хуман ангажман.
„Вашата приказна ме потсети на една од изреките на нашата Мајка Тереза, која велеше дека не сме сите створени да правиме големи работи, но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Вашето внимание кон хоспитализираните во болницата за респираторни болести во Отешево, има големо значење за нив, за што сме ви благодарни“, рече Османи.
На средбата Баарс раскажаа за нивното искуство, истакнувајќи го задоволство со кое донираат, за прекрасниот прием од жителите на Ресен и пријателската врска со нив, како и љубовта кон природните убавини и култура на Северна Македонија, а особено Преспа.