2win800x200

Крводарителска акција по повод празникот на градот

Ноември 04, 2022

Во организација на општинската организација на Црвен крст Битола, денеска во Битола се одржува крводарителска акција на која вработените во општината и други граѓани се вклучија во активноста и даруваа крв.

Градоначалникот на општина Битола ги посети крводарителите и беше информиран од страна на претставниците на ОО на Црвен крст Битола и од вработените во Одделението за трансфузиологија во Клиничката болница, за самата активност и за бројот на крводарители. Тој ја поздрави хуманоста на граѓаните кои денес даруваа крв, со цел во иднина да спасат нечиј човечки живот.

Крводарителската акција е дел од настаните кои се реализираат во рамките на Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани