АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Универзитетскиот професор д-р Невена Груевска, која е реизбрана за претседателка на МНД Битола, ќе има и новини во функционирањето на друштвото.
-Новина во функционирањето на МНД – Битола ќе биде формирањето на Академски Совет во кој членовите ќе имаат советодавна улога. Советот е консултативно тело во кое ќе членуваат исклучиво членови на МНД – Битола и тоа поранешни претседатели на МНД – Битола, членови на МАНУ, ректори или проректори, како и декани и продекани кои воедно се членови на Друштвото, посочи Груевска на прес конференција во Битола.
Македонско научно друштво-Битола ќе го одбележи Светскиот ден на науката за што се подготвува изложба на книги чии автори се членови на МНД-Битола, а ќе биде поместена во фоајето на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола.