2win800x200

Катја, Антонија и Зорица се вратија со високи награди од Соло латино натпревар на светско ниво

Ноември 14, 2022

Битолчанки постигнаа голем успех на првиот WDSF Соло латино натпревар за девојки во историјата на танцот што викендов се одржа во Сараево во организација на танцовиот спортски клуб Асторија.

Натпреварот беше  во повеќе танцови спортски дисциплини меѓу кои и натпревар за латино соло девојки.

За прв пат во рамките на WDSF, а тоа значи на највисоко светско ниво. ТСК СТЕП АП, Битола и воедно Македонија ја претставуваа три девојки, Антонија Гајтановска и Катја Козарова со нивните настапи во јуниори 1 и јуниори 2 и Зорица Симјановска во возрасните категории постари младинци и возрасни. Во многу јака и бројна конкуренција, низ неколку кола на натпреварување, почнувајќи од четвртина финале, па пласман во полуфинале обезбедија место и во финалните рунди.

Нивните резултати се следни: Антонија Гајтановска јуниори 1 - 8 место Катја Козарова јуниори 1 - 3 место, бронзен медал и пехар Зорица Симјановска - постари младинци 4 место и во категоријата возрасни 3 место, бронзен медал и пехар. Презадоволни од постигнатите резултати ги очекуваат бодовите кои ќе бидат запишани на светската ранг листа. Ги повикуваат сите од 5 годишна возраст кои имаат желба за танцовиот спорт да им се придружат во клубот и да ја доживеат магијата на танцот. Антонија, Катја и Зорица велат дека немаат многу време за одмор. Почнуваат со подготовки за нивниот следен меѓународен голем натпревар Македонија Опен кој следниот викенд ќе се оджи во Скопје. Им посакуваме среќа и успех. 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани