Директорот на ЈП Паркинзи Битола, Горан Степановски потврдува дека поевтинува паркингот во Битола. Еве на што се однесуваат промените.
Советот на Оптина Битола по предлог на ЈП Паркинзи беше донесена одлука со која се изменува ценовникот за паркинг
услуги со кој голем дел од услугите во јавното паркирање на отворените паркиралишта поевтинуваат.
Промените се однесуваат на нови карти од 3 часа и намалување на дневните карти во зоните А и Б.
Зона А од 55 денари за 3 часа , се намалува на 40 денари.
Зона Б од 40 денари за 3 часа , се намалува на 30 денари
Дневна карта за А и Б зона
Зона А од 250 денари се намалува на 150 денари
Зона Б од 200 денари се намалува на 130 денари.
Оваа одлука влегува на сила од денот на добивањето на согласност од Совет на Општина Битола, а ќе се применува од 01.02.2023 по процесот на имплементација на промените.