АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска. Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба.
Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН.
Намалувањето на производството во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, и истото ќе се дополни преку останатите производни капацитети.
Во текот на ноќта се очекува стабилизирање на дотоците.