АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
БИТОЛА – Фондацијата на Милен Врабевски која е финансиер на бугарските клубови во Македонија, се реши во ваков чувствителен момент за двете држави пред битолчани да донесе театарска комедија.
На неколку места во градот има плакати преку кои се информираат и повикуваат граѓаните да ја проследат театарската комедија „Вражалец“ на 1 февруари годинава, на сцената на Битолскиот народен театар, за што влезот е бесплатен
Комедијата е на драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен која и претходно има гостувано во Битола со претстава на интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“. Покрај фондацијата на Врабевски, финансиер на претставата е и Министерството за надворешни работи на Бугарија, но во организацијата е вклучен и Генералниот бугарски конзулат во Битола.
Од Фондација на Врабевски велат дека гостувањето на театарската комедија е закажана уште пред три месеци и дека културата е таа која треба да ги зближува двата народа без оглед на моменталните случувања меѓу двете држави.
„Гостувањето на театарот од Плевен во Битола е закажано неколку месеци пред Нова година, и културата треба да биде мост на зближување или мост на разбирање како сакате, настрана од овој момент. Според мене, нема ништо лошо во една театарска претстава па особено во комедија. Комедија е претстава што се разбира и на француски јазик, а не пак на бугарски“, вели, Георги Црномаров од фондацијата „Бугарска памет“.
Од Битолскиот театар го потврдуваат гостувањето на бугарските комедијанти.
Комедијата „Вражалец“ ќе биде прикажана и во Штип и во Струмица на 2 и 3 февруари годинава.