АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во саботата во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(51) и Л.А.(19), двајцата од Битола.
Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети.Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.