АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Цевките од топловодот од РЕК до Битола поминаа под магистралниот пат Битола – Новаци.
Градежниот зафат беше подготвуван речиси еден месец и претставуваше еден од сериозните предизвици со кои се соочија изведувачите на топловодот, фирмите Гранит и Рапид билд.
Паралелно со пробушувањето на трасата на топловодот под регионалниот пат Битола – Новаци, во тек се подготовките за поминување на цевките под реката Црна, во непосредна близина на Новаци. И овој зафат е подготвуван подолго време, при што искористени се најдобрите светски практики за вакви ситуации.
Во останатиот дел од трасата, топловодот од РЕК до Битола е поставен, речиси без проблеми, во должина од околу 12 километри. Цевките за топлификацијата стигнаа до индустрискиот дел од градот од каде продолжува нивното поставување во насока на улица Партизанска и на улицата Иван Милутиноќ.