2win800x200

СВР Битола со 7 кривични пријави за недозволена трговија со оружје за само два месеци

Март 29, 2023

На подрачјето на СВР Битола за првите два месеци од 2023 година од Одделението за недозволена трговија со оружје поднесени се вкупно 7 кривични пријави за сторени 7 кривични дела против 8 сторители, при што се одземени 3 пиштоли, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 50 парчиња муниција, 629 парчиња петарди. Одделно по градови: Битола: поднесени се 4 кривични пријави за 4 кривични дела против 4 сторители, при што одземени се 2 пиштола, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 49 парчиња муниција, 37 парчиња пиротехника; Прилеп: поднесени се 2 кривични пријави за 2 кривични дела против 2 сторители, при што одземени се 1 пиштол и 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, Ресен: поднесена е 1 кривична пријава за 1 кривично дело против 2 сторители, при што одземени се 592 парчиња пиротехника. На подрачјето на СВР Битола поднесени се вкупно 8 барања за поведување прекршочна постапка за сторени 8 прекршоци по Закон за оружје против 8 сторители, при што одземени се 2 пиштоли, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 13 парчиња муниција, 3 парчиња ладно оружје, или по градови:

Битола: поднесени 5 барања за прекршочни пријави, против 5 сторители, одземен 1 пиштол, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 13 парчиња муниција, 2 парчиња ладно оружје;

Прилеп: поднесени 2 барања за прекршочни пријави, против 2 сторители, одземен 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 1 ладно оружје; Крушево поднесено 1 барање за прекршочна пријава, против 1 сторител, одземен 1 пиштол, 1 ладно оружје.

Настани: Во СВР Битола пријавен еден настан во врска со „неовластено изработување, држење и тргување со оружје“, предвидено и казниво по чл. 396 од Кривичниот законик, лицето е лишено од слобода, пронајдена артилериска граната. СВР Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани