АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод роденденот на ЈОУ Детска Градинка “Бамби” Општина Новаци, под раководство на директорката Марина Кузмановска во соработка со ЈОУДГ “Мајски Цвет”-Битола, директор Кристина Лајмановска, денес организираа заедничка прослава под мото „Се натпреваруваме и другаруваме“.
Децата се дружеа и натпреваруваа, се со цел да се зајакне натпреварувачкиот дух, како и акцент се стави на процесот на социјализација меѓу децата од двете општински градинки.
Заслужни за целиот настан беа вопитувачките Татјана Грегова (Мајски цвет) и Билјана Талевска (Бамби), за беспрекорната соработка и насочените натпреварувачки активности, кои децата од двете градинки со задоволство ги прифатија и ги реализираја.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стефановски како и претставници од Советот на Општината.