По низата активности организирани по повод месецот на Франкофонијата, на 31 март, во дворот на Горната гимназијата, „Јосип Броз Тито“ се реализира и завршниот настан „Франкофонски
пикник”.
Преку музика, храна и игри ги одбележавме темелните вредности на Франкофонијата: мир во светот, почитување на човековите права, подобрување на образованието и науката, поддршка на младите, како и афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност.
Од 28 септември 2006 година Република Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата.
Голема благодарност за присуството на почесниот конзул на Р. Франција Калиопа Кривашија Стилиновиќ, на учениците кои беа вклучени во настанот, како и на професорките по француски јазик.
Фотографии: Давид Козаров