2win800x200

Сè додека дишеме нема да се откажеме-родителите на починатата Јана го чекаат извештајот од обдукцијата

Мај 06, 2023

Сè додека дишеме нема да се откажеме, порачаа родителите на починатата Јана од Битола, Кристина и Стојче Христовски.

„ОБДУКЦИЈАТА е готова.... испратена во судска медицина, после неколку дена судска медицина сеуште не го добила наодот од обдукцијата на Јана. Поминаа цели 2 месеци а вие уште не вртите.. За 7 дена за 10 дена, најкасно за 2 недели обдукцијата ќе биди готова...ни мачкате очи за да го прикриете нејзиното злодело.Ако дотичната докторка инаку сопруга на судија од основен суд Битола... Ќе ги користи контактите на сопругот за да го испери злоделото која е крива за целата ситуација нема вина нека се изјасни јавно како што ние јавно излеговме и кажавме се до детал. Сега кога веќе обдукцијата е готова ние уште ништо не знаеме. Работата е очигледна зошто толку се одолговлекува? Но ние нема да се откажиме!! Што и да пишува на наодот од обдукцијата одговорност ќе се сноси по било која цена!! За најголемата загуба што ние нанесена нас како родители, за претрпениот стрес и вечната болка која ќе ја носиме со нас цел живот.!! Но ние нема тука да застаниме тоа е едно и сигурно ќе одиме до Крајј!! Излегувате со изјаснување дека ќе работите најсовесно и најбрзо заради голем интерес на јавноста, но кој ќе ви поверува?? Ни ја зедовте ќерката од раце!! Се додека дишиме нема да се откажиме!!!“ - стои во Фејсбук објавата на родителите на Јана.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани