2win800x200

Продолжуваат градежните работи за прифатилиштетото за кучиња, нема поддршка од Владата, велат од Општина Битола

Мај 15, 2023

 

ОПШТИНАТА ПРОДОЛЖУВА СО ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ПРИФАТИЛИШТЕТО, ВЛАДАТА НЕ ПЛАНИРА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА БИТОЛА

По склучувањето на договорот со „МЗТ Инженеринг“ и воведувањето во работа, интензивно продолжуваат градежните работи на терен за побрзо завршување на првата фаза од проектот за адаптација на прифатилиште за кучиња. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, при денешниот увид на терен, информираше дека изведбата е согласно предвидените рокови, но од страна на Владата, иако беше ветувана поддршка за целосна изградба на прифатилишта низ државата, општина Битола и за овој проект е одбиена од централната власт.

„Како локална самоуправа која навистина се грижи за безбедноста на своите граѓани, продолжуваме со работа на терен, потполно заборавени, а овојпат и на наше барање отфрлени од централната власт.

Неодамна, слушајќи ги насоките на премиерот Ковачевски, поднесовме комплетна проектна документација за поддршка во реализацијата на целиот проект за изградба на прифатилиште во вредност од 46.586.092 денари, со цел заедничко и брзо делување во решавањето на овој горлив проблем за Битола. На ова, добивме одговор дека, Владата не планира средства за општина Битола, за оваа намена.

Ваквата постапка, ги негира ветувањата на премиерот дека, нивната тенденција е решавање на проблемот со бездомните животни на национално ниво, дека планираат комуникација со Брисел за обезбедување финансии за решавање на оваа проблематика, како и дека сите региони имаат еднаква важност за централната власт.

За жал, Пелагонискиот регион и посебно Битола се целосно неважни за власта, а тоа го потврдува и ова мислење од Министерството за финансии доставено до општината, во кое на нашето барање за финансиска помош од Владата во делот на реализација на прифатилиштето и измени во законската регулатива, Министерството не известува дека во буџетот немаат планирани средства за оваа намена и ни укажуваат дека општината е потребно да ги планира потребните средства за оваа намена во рамките на Буџетот на општина Битола. Додаваат дека, во делот на измена на законската регулатива потребно е да се земат предвид мислењата на надлежните институции, иако ова не е случај за други проекти кои сакаат да ги реализираат, на чуден и неразбирлив начин.

Општина Битола, продолжува со работа и на оваа проблематика, како што паралелно работи на изградба и реконструкција на улици, социјална заштита, културна промоција, спортска поддршка и реализација на сите проекти кои значат подобри услови за нашите граѓани“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Изградбата на настрешници во функција на објект за ветеринарна заштита ќе биде завршена во предвидениот рок со општински средства во износ од 4.132.399 денари, за да може веднаш по завршувањето на законските процедури, да се започне со соодветен третман на бездомните животни и нивно отстранување од битолските улици

DSC 5330 Custom

 

DSC 5331 Custom

DSC 5333 Custom

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани