ИМКА Битола денес со настан-"Дали Битола може на точак?"

Мај 30, 2023
Младинска Асоцијација ИМКА Битоладенес организира информативно–едукативен настан "Дали Битола може наТочак?".
-Следејќи ги нашите активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следиме и застапуваме темата за изградба на велосипедска инфраструктура во Битола. Ова го правиме формално преку едукативни работилници и неформално преку учество во граѓанската иницијатива БитолаНаТочак
Во рамките на програмата мобилизатори на заедниците со проектот „Битола – Вело град“ го набљудуваме исполнувањето на предизборното ветување за реализација на велосипедска инфраструктура во Битола преку следење на објави, документација, состаноци со чинители во процесот, анкетно истражување и јавна информативна сесија. Проектот е дел од „Поддршка на изборните реформи“ Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), велат од ИМКА.
Јавната информативна сесија цели да понуди информации за заинтересираните граѓани за проектот велосипедски патеки:
На настанот ќе бидат споделени наодите од мониторингот на предизборното ветување за велосипедски патеки.
Осврт кон наоди од анкетно истражување од експерт во областа за урбана мобилност.
Граѓаните ќе имаат можност да добијат и информации за проектот велосипедски патеки од прва рака од клучни чинители од Општината за минатите чекори, моментален статус и што следува.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани