АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот македонски боксер Ален Рустемов од Боксерскиот клуб Битола е прогласен за најдобар боксер на третиот по ред Меморијален турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово.
За најдобар во јуниорите категории е прогласен Бајрам Мамутовски од Куманово, а за најдобар странски боксер Филип Гида од Србија.
Организаторите велат дека се исполниле нивните очекувања, бидејќи интересот за двата натпреварувачки дена бил огромен, а салата на Средното училишта „Перо Наков“ преполна.
„Публиката достигна до 2000 луѓе, на наше огромно задоволство. Со популаризација на турнирот предизвикуваме се поголемо внимание, за што е доказ овогодинешното издание и посетеноста во двата турнирски дена“, изјави Самет Салиевски, тренер на БК Куманово и координатор на турнирот.
На боксерскиот турнир учествувале 90 боксери од Словенија, Молдавија, Хрватска, Австрија, Германија, Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово. Вистинска атракција бил мечот помеѓу девојките на вториот завршен ден од турнирот.
„Суада Ибраимовска е нова голем надеж на боксот. Таа е кумановка, родена во нашиот Средорек, но иселена со семејството и сега тренира и настапува во Германија“, вели Салиевски.
На турнирот присуствува најдобрите боксери од просторите на поранешна Југославија, порашени шампиони и олимпијци: Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Мирко Пузовиќ, Лука Парлов, Драган Вујковиќ и Дејан Завец.Имале масовна организација и годинешниов турнир ги надминал сите предходни.
Турнирот имаше максимална поддршка од сите спортски и општествени чинители. Турнирот го организирал Боксерскиот клуб Куманово во соработка со Боксерската федерација на Македонија и Сојузот на спортови во Куманово а под покровителство на Агенција на млади и спорт и Општина Куманово.