На иницијатива на битолскиот советник Горан Велевски од Левица, Советот на Општина Битола на вчерашната седница изгласа таканаречени хуманитарни паркинг простори во Битола, каде што од наплатата од паркираните возила средствата ќе бидат наменети за социјални бенефиции за наши сограѓани.
-Советничката група на Левица поднесе иницијатива која беше прифатена за ослободување на 50 паркинг места со кои ЈП "Паркинзи" управува, односно хуманитарни паркинг простори кои ќе ги користат сите граѓани за хуманитарни цели!
Овие места ќе бидат обележани со црвена боја, и добро препознатливи со посебна табла со наменски број и различна зона.
Овие хуманитарни паркинг простори ќе ги користат сите граѓани, односно кога ќе се паркираат на хуманитарен паркинг простор и пратат порака на бројот на дадената табла и зона, паричните средства ќе се собираат во ставката за социјални бенефиции од буџетот на Општина Битола, каде истите ќе се доделуваат према потребите на граѓаните, односно помош на ранливи категории, болнички трошоци во странство и државата, донации и други социјални потреби, рече Велевски.