ГРАЃАНИТЕ ГО КРЕИРААТ ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ - ПРВАТА СЕСИЈА ОД БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ

Ноември 02, 2023
Гласот на граѓанинот мора да се земе во предвид при креирањето на општинскиот буџет. Со ова начело, како и со главната цел на општина Битола, која значи транспарентност и отчетност при распоредување на буџетските средства, денес се одржа првата форумска сесија на која покрај советниците во Советот на општина Битола, раководителите од општинската администрација, присуствуваа и претставници на месните и урбаните заедници, претставници на невладиниот сектор и сите граѓани кои покажаа интерес да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет.
Можно е да е слика од 13 луѓе и маса
Во своето обраќање на денешната прва форумска сесија, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски истакна дека ова е веќе редовна пракса на општина Битола во насока на нејзината транспарентност и отчетност, со која се отпочнува процес во кој сите, заедно, ќе ги дефинираме приоритетите и проектите кои што треба да донесат поубаво утре за градот Битола.
Можно е да е слика од 11 луѓе и текст
„За разлика од минатата година, кога повторно пред Вас се обратив како градоначалник, но истовремено и како еден од Вас, кој живее и работи во овој град, можам слободно да кажам дека имаме голем позитивен исчекор.
Пред се говорам за голем број на стратешки документи, кои се изготвени во изминатата година, а се многу значајни за работењето на општината, за нејзините правци, насоки и можности за донации и аплицирање на проекти. Имаме важечка Стратегија за локален економски развој за периодот до 2027 година, имаме позитивно усвоена Програма за енергетска ефикасност од 2024-2026 година од Агенцијата за енергетија, а пред советниците ќе се најде и изработената Урбанистичка ревизија на општина Битола.
Токму со ова темпо, продолжуваме и натаму да работиме на нова проектна документација, одобренија за градење и други стратешки документи, кои ќе овозможат раст и развој на градот. Сега, пред сите нас, претстојат нови предизвици, за кои само со заеднички концепт, можеме да донесеме добри одлуки, да започнеме нови проекти, кои ќе водат кон напредок на општина Битола.
Можно е да е слика од 6 луѓе и текст
Затоа и годинава, отворено и заедно со Вас, граѓаните на општина Битола, ги одредуваме стратешките приоритети на општината. Веќе го слушнавме гласот на жителите на урбаните и руралните заедници, ги добивме нивните приоритетни барања, а дел од нив секако ќе бидат земени во предвид за реализација во наредниот период.
Одржувањето на буџетскиот форум во заедницата, има за дел подобро и поквалитетно планирање на општинскиот буџет за 2024 година. Имаме квалитетна програма, имаме што да им понудиме на граѓаните, но секако, само заеднички со јасни и чисти стратегии, имаме изработени проекти кои што веќе се реализираат, проекти кои што се во тек, а некои се во фаза на изготвување на документација. Стратешкото планирање, го вклучува токму тоа, да градиме, но и да имаме готови проекти, кои ќе се реализираат со одредена динамика“, посочи градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред присутните.
На денешната прва форумска сесија, беше објаснет форумскиот процес на работа, исто така беше формирана структурата на форумот, беа усвоени 10 програми од вкупно 35 по кои што ќе се работи и во наредните сесии.
Граѓаните, на денешната прва форумска сесија веќе развија дискусија за дел од проектите, кои што треба да бидат содржани во буџетот за 2024 година.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани