2win800x200

Известување од СВР Битола за сообраќаен режим на 21 ноември

Ноември 17, 2023
фото Музеј на албанската азбука фото Музеј на албанската азбука

По повод одбележувањето на 115 годишнината на Денот на Албанската азбука, на 21.11.2023 во Битола, во рамки на предвидените манифестации, како и  поради присуство на владини  делегации од државата и странство, на подрачјето на Ресен и Битола ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
СВР Битола ги известува граѓаните дека на 21.11.2023 во времето од 08.00-18.00 часот ќе биде применет посебен сообраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за одбележување и за таа цел СВР Битола ќе воспостави посебен режим на сообраќај и тоа  :

За сообраќај ќе бидат затворени следните улици:

ул.„Билбил камен“, ул.„Довлеџик“, ,кружен тек кај Педагошка, бул.„Први Мај“, (од двете страни до крстосница со ул.„Столарска“), кружен тек кај м.в.„Безистен“, ул.„Столарска“, ул.„ Добривоје Радосављевиќ“, ,,ул.„Лазо Трповски“, ул.„Рузвелтова“, ,,ул.„Никола Тесла“, (околу зграда Грозд), ул.„Димитар Илиевски Мурато“ (зграда Грозд до Пелагонка 2 ).

СВР Битола апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот, а посебно апелираме до Јавните претпријатија за вршење на јавен градски превоз да ги избегнуваат наведените локации во градот се со цел непречено одвивање на сообраќајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани