Санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола
Во текот на изминатата вечер (09/10.12.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи.Од нив по 8 на територија на Прилеп и Битола по 2 во Ресен ,Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 14 други видови прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.