АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Герила акција на ПСК ,,Пелистер“ утрово ги изненади и збуни битолчани. Пред изгрејсонце членови на клубот кој го градат планинарскиот дом „Копанки“ ги обележаа пешачките премени кои од Пелагонска 2 одат кон Центарот за култура во Битола и ОУ „Гоце Делчев“.
- По Шарената и Бела Револуција во Битола. Белата боја е асоцијација на чистотата, солидарноста и добрата мисла. Со бела боја беа бојадисани невидливите пешачки премини пред ОУ ,Гоце Делчев" од членови на ПСК ,,Пелистер". Браво дечки!, пишуваат од планинарскиот клуб.
Во известувањето на нивната фејсбук страница, планинарите напишаа : „Поради опструкциите што ги трпиме при обновата на планинарскиот дом ‘Копанки’, спречени сме интензивно и секојдневно да работиме врз неговата санација. Затоа, дел од нашето време и од донираните пари, одлучивме да ги ставиме пак во служба на граѓаните, но овојпат во функција на безбедноста на нашите деца. Во пресрет на новата учебна година, одвојуваме дел од донираните средства и планираме да ги обележиме пешачките премини пред битолските училишта кои се во катастрофална состојба (дали само тие?!)“.
Членовите на ПСК Пелистер летово со сопствени сили, потпомогнати од други битилчани почнаа со обнова на изгорениот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер.
(Фотографии од фејсбук страницата на ПСК „Пелистер“)