2win800x200

Митрополитот г. Петар-Христос е потребен и денес, без него народите влегуваат од војна во војна

Јануари 07, 2024

Во своето обраќање до верниците, митрополитот г. Петар по повод божиќните празници истакна дека Христос е потребен и денес, затоа што како што нагласи, без него, народите влегуваат од војна во војна.

-Ах, колку ни е потребен Христос и денес! Без него, народите влегуваат од војна во војна, луѓето запаѓаат од несреќа во несреќа, семејства одат од пропаст во пропаст. Без него, злобата навлезе меѓу луѓето и го распламти огнот на зависта и себичноста. Денес имаме сè повеќе и повеќе раскарани и закоравени луѓе, затапена совест, заслепени души, одроденост, омраза, монструозност и убиства. Сето ова се должи на оддалеченоста на човекот од Бога! Затоа, на народите и луѓето од нашето време, повторно им е потребен Христос. Не им треба никој повеќе од него. Им треба како дневен насуштен леб за гладниот, и како изворска вода за жедниот! Тој е единствениот што му е потребен на светот. Ништо друго и никој друг, нагласи митрополитот г. Петар во Божикното послание до верниците.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани