АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
МВР како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.
– За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните карти со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година, соопштија од МВР.