АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На последната седница, Советот на Општина Могила доднесе Одлука за доделување училишен прибор на секој првоодленец во учебната 2018/2019 година во трите централни и сите подрачни училишта на територијата на општината.
Советниците донесоа Одлука и за одбележување на празникот на општината “12 Септември“ – 2018 година.
На 17-тата седница на Советот на општина Могила беше донесена Одлука за прифаќање на Проектот за снимање на документарен филм за општина Могила на македонски и англиски јазик.
Исто така, советниците едногласно ја усвоија Предлог – Одлуката за Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Могила. На седницата на Советот на општина Могила беше донесена Одлука за измена и дополнение на Годишен план за јавни набавки за 2018 година на општина Могила.