2win800x200

Во битолската квасара – загубата од 777 илјади евра се претвори во нето добивка од 330 илјади

Март 27, 2024
фото независен.мк фото независен.мк

Како од загуба се постигнува одлична добивка. Одговорот го има една битолска фабрика која произведува квасец, а тој гласи – инвестиции, објави faktor.mk

Ако претходната 2022 година оваа компанија ја завршила со негативен финансиски резултат од дури 777 илјади евра, што пак се случувало втора година по ред, веќе во 2023 година тој влегува во зоната на позитивата.

Или, Битолска квасара ланската година ја затворила со сосема солидна нето добивка од одлични 330 илјади евра.

Компанијата ги објави преку Берзата своите финансиски извештаи, а Билансот на успех говори дека нејзините приходи се значајно зголемени во 2023 година, во однос на една година претходно.

Или, од продажбата на квасец и медицински алкохол оваа битолска фабрика остварила приливи од дури 11,4 милиони евра, наспроти 8,7 милиони евра во претходната година.

Останатите оперативни приходи се на речиси исто ниво како претходната година и се многу пониски, или се на ниво од 200 илјади евра.

Целиот текст на https://faktor.mk

 

 

Објавено од А.Б 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани