АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Државното музичко училиште од Битола, годинава повторно организира целодневна прослава по повод „Денот на пијаното“ кој се прославува на 88 ден во годината, колку што има и дирки на клавијатурата. Училиштето има дадено голем придонес како за развојот на културата во градот, така и за издигнување на класичната музика на повисоко ниво. На 28 март се организираат 5 концерти од кои 4 се во текот на денот и тоа во 10, 11, 12, и 13 часот и еден Свечен завршен концерт во 19 часот. Самиот број од 80 учесници кои ќе го прославуваат овој ден го потврдуваат епитетот на училиштето "Музичка ризница на таленти".
Објавено од А.Б