
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По веста што ја објави АПЛА.мк за неправилно паркирани возила кај плоштатката пред подвозникот на Безистенот, веднаш интервенираше сообраќајната полиција при СВР Битола и Пајак службата на ЈП „Паркинзи“ и ги отстрани непрописно паркираните возила.
Возилата беа паркирани на местата каде што претходно имаше времени објекти и зафаќаа дел од пешачката патека. Но сообраќајците веднаш излегоа на терен и постапија.
Сега останува уште да се средат и испуштените кабли што висат на локацијата кај подвозникот.
Фото А Блажевска