2win800x200

Наголемо се купуваат акции од Стопанска банка - Битола

Април 08, 2024

Две блок трансакции поминаа  минатата недела на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, објави Фактор.мк  faktor.mk/

На едната беше продаден пакет акции на Стопанска банка Битола, и тоа околу 3,2 проценти од вкупната сопственичка структура на банката, а за нив беше платена сума од близу 550 илјади евра, или прецизно 547 илјади евра.

Или, на блок трансакцијата поминаа 12.460 акции на оваа банка, по цена од 2.700 денари за акција, која, пак, е речиси идентична со цената со која на истиот ден се тргувало со акциите на банката на редовниот пазар.

Со оглед што Стопанска банка Битола има вкупно издадени 390.977 акции, тоа значи дека поминатиот процент во четвртокот е 3,19 отсто.

Истиот ден помина и блок трансакција на значајна сума со акциите на Комерцијална банка, односно 460 милиони евра.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани