GENERALKA WEEKEND 24 е најголемата еколошка акција во нашата земја и на Западен Балкан, што ќе се одржи годинава по четврт пат на 17, 18 и 19 Мај.
Во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД досега учествуваа над 25.000 волонтери и се собрани над 600 тони отпад, и засадени (со Министерство за земјоделство и национални Шуми) над 95.000 дрвја во Петровец и околу Велешкото езеро Младост.
Годинава во GENERALKA WEEKEND 24 на 17, 18 и 19 Мај се вклучуваат:
- 81 општина
- над 350 училишта
- 3 Национални паркови (Галичица, Шар Планина и Шари од Косово)
- Центар за Управување со кризи
- Црвен Крст
- Федерација на планинари
- Амбасади
- и уште стотина пензионерски здруженија, месни и урбани заедници, спортски и еколошки клубови, невладини организации и институции.
Четири специјални акции:
- големо отварање на Кале со чистење на целиот појас до Музеј на современа
- погранична акција за чистење на Националните паркови Шар Планина и Шари од Косово
- погранична акција на Охридско езеро
- специјална акција со армијата на неколку локации во НП Шар Планина