
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
– Покриени се сите сектори за внатрешни работи од аспект на технички и човечки ресурси. Министерството за внатрешни работи постапува согласно планот и оперативната акција, која како таква е утврдена во рамки на Оперативниот штаб. Сѐ си тече како што треба, подвлече Тошковски. Изрази надеж дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.