
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со забрзана динамика, продолжуваат активностите за изградба на новиот противпожарен дом, еден од капиталните проекти на оваа локална самоуправа и градоначалникот Тони Коњановски. Целосно е отстранет, стариот руиниран објект на негогашниот армиски магацин на просторот на поранешната касарна. Со ова создадени се потребните услови за започнување на комплетно новата градба со површина од 1600 м² . Објектот ќе биде во согласност со современите стандарди, правила и прописи за непречено функционирање на противпожарната единица која ги покрива општините Битола, Новаци и Могила, а пожарникарите од најстарата противпожарна единица на Балканот, конечно ќе добијат услови за работа, какви што навистина заслужуваат.