2win800x200

Тешка сообраќајка во Новаци пред РЕК Битола-камион што носи јаглен се судрил со трактор

Мај 17, 2024

Камион што носел јаглен за РЕК Битола, се судрил со трактор на сообраќајницата која минува низ село Новаци, потврдуваат за АПЛА.мк, жители на селото, очевидци.

Од СВР Битола потврдуваат дека во сообраќајката има едно повредно лице. 

Граѓанин ни ги  испрати фотографиите со објаснување дека најверојатно тракторот во движење бил зафатен од камионот по што се превртил, засега немаме информации за состојбата на трактористот и очекуваме  подетални  информации од СВР Битола.

Сообраќајката се случила на околу 300 метри од зградата на Општина Новаци. Полицијата е на терен, а сообраќајот е во целосен прекин. 

436421238 1499588680768064 2110178672341604026 n

442420927 1506438539967970 726209390631974090 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани