2win800x200

„Сумнал“ успешно го имплементираше проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“

Мај 19, 2024
Од јануари до април 2024 година, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ го имплементираше проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ кој е финансиран од националната агенција за европски програми и мобилност на Северна Македонија преку Еразмус + програмата на Европската Унија. Целта на проектот беше да им се овозможи на младите жени и девојки со помали можности од општина Битола и Пелагонискиот Регион теоретско знаење кое ќе им помогне подобро да го разберат системот и доследно да ги користат демократските алатки, а со тоа да ја зајакнат нивната политичка зрелост и да бидат активни граѓани во општеството и заедницата.
фат
Активностите во рамките на проектот вклучуваа обука, посета на Општина Битола и завршна конференција.
Обуката беше одржана на 16 и 17 март 2024 година, а посетата на Општина Битола на 2 април 2024 година. Потоа, на 26 април 2024 година се одржа и завршната конференција на која беа претставени активностите и резултатите од проектот. Потоа се спроведе панел дискусија со советничката за млади на Општина Битола, Гордана Цветковска Бошевска, на тема „Развој на програми и иницијативи за вклучување на мадите жени и девојки во заедницата: Искуства и предизвици“ која беше дополнета со излагање на претставник од Центарот за вработување во Битола.
фат 2
Советничката за млади сподели вредни насоки за тоа како да ги поддржиме и вклучиме младите жени и девојки во различните сегменти на заедницата, особено преку развивање на програми и иницијативи што ќе ги адресираат нивните потреби и предизвици преку локалната самоуправа. Преку претставникот на Центарот за вработување во Битола се запознавме со важноста на поддршката на жените при процесот на вработување и како можеме да создадеме поволни услови за нивно успешно интегрирање на работниот пазар. Многу вашен заклучок е дека треба да се работи на менторскиот систем, особено што поискусните треба да им дадат поддршка на младите девојки, меѓутоа исто така ние како организација која што долги години работи на проекти со младите сметаме дека треба да се вклучати да ги користат можностите на Еразмус + програмата.
На крајот им беа доделени сертификати на учесниците и благодарници на соработниците.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани