
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола го реализира проектот Биди малку смела
БИДИ МАЛКУ СМЕЛА креира "сигурен простор" кој иницира будење на сочувство и меѓусебна поддршка на девојките и жените. БИДИ МАЛКУ СМЕЛА е потсетување дека уметноста ја менува перцепцијата, таа не е украс туку инспирира на промислување, саморефлексија, ја канализира енергијата и ја трансформира во креатива. БИДИ МАЛКУ СМЕЛА започна со мотивациски работилници кои мотивираат да ѕирнеш во себе и креативно преку визуелни уметности, нежно и смело поттикнуваат на самоистражување, спознавање на личните бунтови и стравови и нивно преточување во став и конструктивна визуелна уметност. Визионерката на БИДИ МАЛКУ СМЕЛА е Ангела Христовска – визуелен уметник. Гостинка на овие работилници беше Катерина Ангеловска автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness (свесна) медитација, Реики мастер енергетски терапевт, мотивациски говорник. Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола го реализира проектот Биди малку смела кој е поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес.