2win800x200

Отворена изложбата “Монодиоптрија“ на Диоген Хаџи-Коста Милевски

Мај 23, 2024

Во Битола во фоајето на НУ Центар за култура Битола е поставена изложбата на фотографии на Диоген Хаџи-Коста Милевски, насловена “Монодиоптрија“.

Изложбата „Монодиоптрија“ е визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година.
Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените на фестивалот во изминатите години.
Сите љубители на фотографијата ќе можат да ја погледнат оваа изложба до 31 мај.

-Мондиоптрија е продолжение на проектот од мината година кој беше насловен “Фестивалска диоптрија“. Овој проект е создаден од довербата која ја има меѓу себе тимот кој го организира фестивалот на монодрама во Битола, што е своевиден, наш, бисер битолски. Сакам преку овој проект да ја раскажеме приказната за монодрамата и битолчани од Широк Сокак, да ги донесеме во салите каде се играат монодрамите, а тоа се случува благодарение на сите кои сме вклучени,рече Диоген Хаџи-Коста Милевски. 

442417314 25639981342284568 3687156184365854773 n

442506423 25639981988951170 3299202900856267354 n

435981038 25639981648951204 2041876326334527223 n

441522357 25639981045617931 936858599888888551 n

фото Ермитаж Битола 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани