
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Активностите во рамките на проектот „Процесот оди во пракса“/Proceed Goes Practice продолжија и минатиот месец. „Сумнал“ на 17.05.2024 година организираше мултиплаер тренинг за вработени во претпријатија и кадар од стручното образование и обука. Целта на тренингот беше присутните да се запознаат со историјата и целите на проектот, како и со активностите и резултатите, особено со креираните програми за обуки за стручно образование за Роми и други групи со помали можности кои во иднина ќе продуцираат потребен кадар во Општина Битола и пошироко. Дополнително, претприемачите од јавните и приватните претпријатија со тоа ќе имаат едуциран кадар од дефицитарни струки кој им е потребен. Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а го координира германската организација Југендстил.