АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во Битола се одржа „Kinderfest“, настан во заедничка организација на наставничките по германски јазик од ООУ „Коле Канински“ Битола и ООУ „Елпида Караманди“ Битола за промоција на германскиот јазик. Настанот се одвиваше во дворот на ООУ „Елпида Караманди“ во Битола.
-Вакви фестивали има низ Германија за време на учебната година. Јазиците се нашето богатство, тоа се трудиме и да го пренесеме преку вакви настани и до нашите ученици. Само преку игра и забава можеме да допреме до детските срца. Што повеќе јазици се учат тоа сме побогати, ова е нашето мото. Благодарност и до нашиот спонзор СИМПАТЕЛ, најдобриот германски call центар, рече Марина Атанасовска ООУ„Коле Канински“ Битола.