АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО ВО ИНИЦИЈАТИВАТА
„БИЗНИС КЛИК“
Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола објавува јавен повик за млади за учество во иницијативата „Бизнис клик“.
Опис на иницијативата:
Иницијативата „Бизнис клик“ е спроведувана од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и има за цел воспоставување на партнерства помеѓу младите и бизнис секторот со цел да ги подобри кариерните можности на младите и да обезбеди зајакнување на капацитетите на невработените млади луѓе со што ќе ги зголеми можностите за нивно вработување.
Оваа иницијатива предвидува спроведување на иновативна програма составена од обука, менторство и кариерно насочување на младите луѓе на возраст од 15 до 24 години. Преку зајакнување на капацитетите на младите луѓе со барани вештини, целта е да се поддржат младите учесници/чки да го реализираат својот целосен економски и граѓански потенцијал.
Оттука, Интерактив – Битола распишува јавен повик за пријавување за учество до сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 15 до 24 години од регионот на општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Ресен и Крушево.
Иницијативата ќе се спроведува во Пелагонискиот регион во следните 7 месеци.
На повикот ќе бидат избрани 10 учесници/чки кои ќе учествуваат на дводневна обука од областа на комуникациските и ИТ вештините, при што обуките ќе вклучат и практична работа која на младите ќе им помогне во нивниот професионален развој.
По обуката ќе следи петмесечна фаза на менторство, каде младите ќе работат со искусни експерти од областа на правото, медиумите и ИКТ секторот. Со нивно насочување и поддршка младите лица ќе имаат можност да развијат кампања од областа на младинското претприемништво.
Исто така младите ќе имаат можност да посетат 10 компании од Пелагонискиот регион, каде ќе се запознаат со работните процеси и ќе добијат кариерно насочување важно за нивниот кариерен развој.
Целокупната програма е бесплатна за сите учесници/чки кои што ќе бидат избрани на повикот.
Основни критериуми:
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати, се охрабруваат да аплицираат најдоцна до 28.06.2024 до 16:00 часот на Google формата или преку е-пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „Апликација по јавен повик за млади за учество во иницијативата Бизнис клик“, одговарајќи ги следните прашања:
Име:
Презиме:
Возраст:
Населено место/Општина:
Училиште/Институција/Организација:
Е-пошта:
Телефон за контакт:
Мотивација за учество во иницијативата „Бизнис клик“:
Избраните апликанти ќе бидат известени на ден 29.06.2024 година.
Овој проект е поддржан од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организиран од Здружение за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ Битола во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.
Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Интерактив“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).
Хиперлинкот од Гугл формуларот за пријавување :
https://forms.gle/MMbNPUYvzfVvWXaL9