2win800x200

ЈП „Пазари“ добива финансиска поддршка од Општина Битола со ребалансот на буџетот

Јули 04, 2024

 

ЈП „Пазари“ Битола добива финансиска поддршка од Општина Битола со ребалансот на буџетот.  Поддршката е преку програми и субвенции наменети за осовременување на услугите кон граѓаните со цел да се спречи зголемување на цените на услугите, велат од општината. 

direktor 300x200

Илче Здравески-директор на ЈП Пазари Битола

 

-Јавното претпријатие „Пазари“ функционира од сопствени средства, односно со самофинансирање, така што како раководство насочени сме кон создавање непречени услови за работа на клиентите и граѓаните, како и одржување на стабилност на претпријатието. Очекувам со зголемувањето на соработката со општината и издвојувањето на 6.000.000 денари од општинскиот буџет, да се надминат тековните проблеми и претпријатието да продолжи успешно и непречено да работи. Ваквиот предлог веќе е поддржан од градоначалникот Тони Коњановски, а верувам дека ќе ја добие и потребната поддршка од Советот на општина Битола со усвојување на ребалансот на Буџетот, со што ќе се надминат сите потешкотии, изкави Илче Здравески, директор на ЈП „Пазари“ Битола за Апла.мк .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани