2win800x200

Коњановски објави-вака изгледаат обновените спортски терени во ООУ “Елпида Караманди“

Јули 24, 2024
Градоначалникот Тони Коњановски објави дека е во финална фаза реконструкцијата на спортските терени во ООУ “Елпида Караманди“ Битола. 
 
Со посветена работа на општинската администрација и експедитивност во изведбата на изведувачот, проектот за реконструкцијата на спортските терени во ООУ “Елпида Караманди“ влегува во финална фаза, пред се на задоволство на најмладите, учениците, вљубениците во спортот.
Посебно ме радува, што овој проект за граѓаните на Битола, се реализираше на предлог на советничката група Поинаку, што уште еднаш ја покажува конструктивноста на локалната самоуправа и мојата подготвеност за соработка со сите советнички групи кога се во прашање проектите и интересите на граѓаните. Јавното признание за уште еден реализиран проект, кое доаѓа од Претседателката на Советот, како еден од најголемите критичари на работата на Општина Битола, исто така е потврда на работата на општината во интерес на битолчани.
Можно е да е слика од 2 луѓе и трева
На овој начин продолжуваме и понатаму, секогаш подготвени да ги прифатиме и реализираме добрите предлози, независно од која политичка партија доаѓаат.
Како локална самоуправа, започнавме со подготовка на проектна документација за нови спортски игралишта и во ООУ Тодор Ангелевски, во централното училиште и подрачното во Горно Оризари, во Стрелиште, во ООУ Трифун Пановски, во ООУ Климент Охридски, во подрачното училиште на ООУ Коле Канински во Буковски ливади, ООУ Даме Груев и ООУ Ѓорѓи Сугарев. Во подготовка е и проектна документација за тениското игралиште во ООУ „Елпида Караманди“, кое не беше опфатено со реализираниот проект, а исто така е неопходно за заокружување на целината од спортски игралишта.
 
По завршувањето на проектната документација од страна на проектантите, ќе пристапиме кон подготовки за изведба, до комплетно модернизирање и уредување на запоставените спортски терени, затоа што ова не се проекти на Тони Коњановски, туку проекти на граѓаните, а сите ние како битолчани заслужуваме подобра спортска инфраструктура.
Можно е да е слика од 6 луѓе, Луѓе играат кошарка, луѓе играат американски фудбал, луѓе играат одбојка и луѓе играат тенис
Можно е да е слика од кошарка
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани