2win800x200

Димитровски-Следува реконструкција на влезот во Битола од страната на Прилеп

Јули 25, 2024

Борче Димитровски, секретар на Општина Битола на пост на социјалните мрежи накусо ги најброи сите тековни активности и идни планови на Општина Битола. Според најавите следува реконструкција на влезот на Битола од страната на Прилеп. 

 

 

Само со посветеност и работа се покажува како вистински се сака градот...а за Битола убава да ни биде, Општина Битола во моментов работи на:
1. Изградба на противпожарен дом во АРМ
2. Реконструкција на улици во населба "Недопирливи"
3. Реконструкција на улица "Солунска"
4. Реконструкција на улица "Стив Наумов"
5. Изградба на улица на "Дулие" која ќе овозможи пристап до деловните објекти Блис и Лидл
6. Реконструкција на патот низ Цапари
7. Реконструкција на улици во населба Г. Оризари
8. Заедно со ЦРППР се гради рекреативната зона Тумбекафе - Смолево
9. Изградба на улицата "Сту 1" во Арм
10. Финални активности на спортските игралишта во Брусничка населба и ОУ "Елпида Караманди"
11. Изградба на градинката во Арм и адаптација на поранешниот Дом за доенчиња во градинка кој се реализира заедно со Министерството за труд
12. Реконструкција на улица "Индустриска"
13. Реконструкција на влезот во населбата Боримечка
14. Изградба на паркингот Декорпод
15. Реконструкција на патот Трново - Магарево
16. Изградба на водоснабдителен систем од граница на ГУП до с. Брусник
 
Во следниот период ќе започнат градежни активности на:
1. Влезот во Битола од страната на Прилеп
2. Реконструкција на улици во месноста Буковски мост
3. Реконструкција на улица 16 со коловоз и дел од краците со бехатон
4. Целосна реконструкција на улица "Никола Тесла" на потегот од Ленски Мост до Гроздот
Склучени се договори за реконструкција на улицата "Даме Груев" во населбата Мал Париз, а во тек се јавни набавки за повеќе објекти од високоградба и нискоградба кои се очекува да се реализираат или да полнат со активности во текот на оваа градежна сезона
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани