АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претставници на „Сумнал“ - Здружение за развој на ромската заедница во рамки на проектот „Roma health care„ – Грижа за здравјето на Ромите, остварија средба со директорот на Клиничката болница Битола д-р Зоран Лазаров и главната сестра на Клиничка болница Радмила Бајовска.
„На средбата беа презентирани резултатите од истражувањето кое беше во рамки на проектот и се дискутираше за можни решенија заедно со претставниците од Клиничката болница. На средбата исто така се разговараше за потребите што можат да бидат покриени со поднесување на заеднички европски проекти. Проектот “ Roma health care – Грижа за здравјето на Ромите е проект ЕРАЗМУС + кој ги анализира состојбите и потребите на ромските заедници во Бугарија, Германија, Македонија, Грција, Унгарија и Романија во областа на здравството. Се надеваме на долга соработка и плодна работа сѐ во интерес на Ромите од нашиот град и взаемна грижа за подобрување на нивното здравје“, соопшти портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.