2win800x200

Мицкоски најави 14 до 15 милиони евра за проекти за Битола во 2025 година

Јули 26, 2024
Следната година Општина Битола ќе добие над 14 милиони евра за проекти, најави премиерот Христијан Мицкоски денеска во Битола
 
-Oткако ќе помине ребалансот и ќе биде објавен јавниот повик очекувам, а од тоа што го знам е дека Општина Битола ќе конкурира со нови проекти, но исто така и со усвојувањето на Буџетот за следната година ќе имаме дополнителни проекти, само во овој период до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе бидат инвестирани во проекти овдека во Битола, надвор од буџетот којшто го има самата општина.
 
Така што мислам дека ќе имаме навистина еден комплетен нов изглед на Битола и тоа ќе не направи нас прилично горди.
 
Уште еднашка му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците на сите луѓе, благодарност и до Вас што не следите секој пат и кога не бевме  Влада, кога бевме во опозиција и сега кога сме Влада еве на овој прв денешен настан. И да посакам уште многу многу вакви проекти да бидат реализирани во Битола, бидејќи Македонија и Битола се сакаат со дела.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани