2win800x200

МАТИЈА ДЕДИЌ, ГОРАН БОЈЧЕВСКИ, ЉУБОЈНА, АНА БУНТЕСКА, ДАРКО ЛЕШОСКИ, ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ТОДЕ НОВАЧЕВСКИ – ДЕЛ ОД БИТОЛСКО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ 2024“

Јули 27, 2024
По објавениот јавен повик за учество во програмата на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, познати се учесниците, со кои се комплетира годинешната културна понуда до крајот на месец август.
На задоволство на битолската публика, на 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос.
Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот.
За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје.
Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи
И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова.
Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август.
Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи.
Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани