2win800x200

Игроорците од „Илинденски денови“ во посета на Општина Битола

Јули 31, 2024
игрорци на гости во Општина Битола игрорци на гости во Општина Битола
Колоритот на светот, претставен преку ансамблите, групите и поединците од повеќе земји, кои се гости на „Илинденски денови“, денес пристигна и во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски.
May be an image of 7 people and text
Учесниците на 54 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кои ги претставуваат САД, Боливија, Кореа, Србија, Северен Кипар, Турција, ги раскажаа своите прекрасни впечатоци за Битола, заблагодарувајќи се за топлиот прием и прекрасниот престој во градот. Градоначалникот Коњановски, истакна дека во овој период Битола, посебно се разубавува, а светското шарнило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен, истовремено овозможувајќи светска промоција на градот.
May be an image of 15 people and text
На денешната средба, во знак на добрата соработка и заедничката цел за градење силни културно – уметнички врски, беа разменети подароци и промотивни материјали, кои се дополнителна потврда на уште едно успешно издание на фестивалот „Илинденски денови“.
May be an image of 15 people, temple and text
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани