2win800x200

Возач починал од струен удар возејќи „сканиа“ во близина на фармата на ЗК Пелагонија на патот Битола-Рек Битола

Август 23, 2024
Логоварди Битола Логоварди Битола

СВР Битола соопшти - На 22.08.2024 во 19.53 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Логоварди, битолско, на патот во близина до фармата на Земјоделски комбинат Пелагонија, покрај товарно возило „сканиа“ со битолски регистарски ознаки, бил пронајден починат С.М.(56) од Куманово, со живеалиште во Битола. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Битола и било утврдено дека товарното возило, сопственост на правно лице, кое го управувал С.М., било со кипер приколка која била крената и допирала жици за довод на електрична енергија, при што С.М. починал од струен удар. За настанот бил запознаен трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани