2win800x200

Почна предистрага за РЕК „Битола“- под лупа финансиското работење на комбинатот

Август 23, 2024

Истражни органи веќе пет дена преземаат предистражни дејствија во РЕК „Битола“, стожерот на електроенергетскиот систем на државата.

Информација за „АПЛА“ ја потврдуваат од АД ЕСМ, без да прецизираат за што точно почнале предистражните дејствија, дали по новинарски истражувања за сомнителни постапки во работењето и набавките на комбинатот.

 

„Истражен орган на  Република Северна Македонија на ден 19 август 2024 година достави до АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола Барање за обезбедување на документација за постапки што се однесуваат на работењето на РЕК Битола.“, одговорија од АД ЕСМ на прашање на „АПЛА“.

 

Од ОЈО Битола за случајот велат дека -„Обвинителството не е во можност да споделува информации за евентуални дејствија кои се преземаат во предистражна постапка, бидејќи со тоа постои опасност да се загрози доверливоста на постапката и доказите.“, одговорија за „АПЛА“ од прес службата.

 

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) на 13 јуни годинава објави текст „Службеничка од пошта ги штитела централите на ЕСМ од пепел, „пеплосан“ државниот буџет“, во кој наведе дека адитивот кој бил предмет на тендери од страна на АД ЕСМ, а кој бил набавен за потребите на двете термоелектрани РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“, на државните компании им бил продаден по цена три пати повисока од пазарната, односно маржата била 300 проценти. Така според пишувањето на ИРЛ државниот буџет бил оштетен за речиси 4 милиони евра.

По ова Основното јавно обвинителство Битола за медиумот потврди дека веќе води предистражна постапка во рамките на која проверува дел од наводите кои ги објавува медиумот.

Обвинителството во Кичево нема донесено одлука дали ќе отвори предмет за набавките

„Основното јавно обвинителство Кичево, од своја страна, ги слeди информациите и доколку утврди дека постојат елементи на кривично дело во надлежност на ова обвинителство, ќе постапи согласно своите надлежности и ќе нареди проверки и на тие набавки.“, одговорија од ОЈО.

Во РЕК „Битола“ се уште раководат кадри на бившата власт, премиерот Христијан Мицкоски при последната посета на Битола, пред еден месец кажа дека се доцни со кадровските решенија и дека –„лично сум фокусиран во изборот на кадри во РЕК Битола бидејќи го знам и комбинатот и работењето на ЕСМ“.

Анета Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани